Поврзете се со нас

Македонија

Вардар и Максимов паднаа и во Лозана: „Црвено-црните“ нелегално го ангажирале напаѓачот

Објавено

на

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар нелегално го ангажирал Максим Максимов во 2017 година.

Ова е одлуката која ја донесе Арбитражниот суд за спорт во Лозана, одлука со која се пофали литванскиот клуб Тракаи, сегашен Ритераи од кого Максимов се пресели во Скопје пред три години во летниот преоден рок.

-За мене како човек кој инвеситира во фудбалот оваа одлука е многу важна, за сите што работат во клубот. Ова е порака за сите мали клубови со големо срце, на кои некогаш правдата ќе им се врати. Јас сакам да посочам дека ние се обидовме да ја решиме оваа ситуација на цивилизиран начин, се обидовме да преговараме, но немаше одговор од другата страна. Неодговорноста на агентот ја уништи кариерата на играчот, -изјави претседателот Јан Невоина.

Да потсетиме, Вардар доби парична казна од ФИФА за нелегално реализиран трансфер и забрана за трансфери во два преодни рока, суспензија која ја одлежа.

Максимов не се прослави во Вардар, а со лошите игри продолжи потоа во Рига и Торпедо Москва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни