Поврзете се со нас

Македонија

Вардар и Еурофарм сигурни, Металург ја прекина серијата без победа

Објавено

на

Вардар и Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога на денешните средби од плејофот на македонското ракометно првенство, а Металург ја прекина негативната серија со убедлива победа над Тинекс Пролет.

Плејоф натпреварите одиграни денес не донесоа неизвесност, а актуелниот првак Вардар славеше на гостувањето против вториот тим на Еурофарм со резултат 26:33.

Крилата реализираа најмногу за црвено-црните, Дибиров постигнал 8, а Георгиевски 7 погодоци.

Уште поубедлив беше Еурофарм Пелистер на гостувањето во Струга, каде домаќините колку толку парираа во првиот дел, но на крајот средбата заврши со резултат 16:30.

Радовиќ со 6 и Мандалиниќ со 5 погодоци биле најефикасни во победничката екипа.

На скопската пресметка меѓу Металург и Тинекс Пролет, избраниците на Иван Марковски славеа со 29:22, благодарение на одличното второ полувреме и на тој начин ја прекинаа долгата серија без победа.

Хорват со 9 голови беше најефикасен во победничката екипа, Серамифов постигна 6, додека Ангелов со 6 голови беше најдобар реализатор во редовите на Пролет.

Табела: Вардар 24, Еурофарм Пелистер 21, Т. Пролет 12, Бутел 10 (-1), Металург 8, Охрид 8 (-1), Струга 3, Еурофарм 2 2

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни