Поврзете се со нас

Македонија

Вардар и Алкалоид запишаа нови победи во Суперлигата

Објавено

на

Екипите на Вардар 1961 и Алкалоид го потврдија статусот на фаворит и издвојуваа победи во двата денешни натпревари од 12. коло во Суперлигата.

Поранешниот македонски шампион беше поуспешен од Вардар Неготино со 35-22. Избраниците на Недановски одиграа колку што им беше потребно, првиот дел го добија со пет разлика (17-12), вториот со осум (18-10) и сега имаат 11 победи во 12 натпревари во групата Б

Ќосевски беше автор на осум гола, седум реализации имаше Родригез. Кај поразените Адамовиќ даде 9 голови.

Алкалоид пак немаше проблеми со Струга и триуфмираше со резултат 29:17. Момците на Лазаров одиграа одлично во одбрана во двете полувремиња, а во нападот се истакнаа Савревски, Џонов и Младеновиќ со по четири погодоци.

Нашиот претставник во Европската лига има 12 од 12 во групата А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни