Вардар го заокружи регуларниот дел на СЕХА со победа и рекорден ефект

Vardar-Nekse

Ракометарите на Вардар го победија Нексе со 29:25 во последниот натпревар од групната фаза на СЕХА лигата и го заврши овој дел без пораз, односно со рекорден ефект од седумнаесет победи и едно реми.

Првото полувреме заврши со водство на хрватскиот тим од 12:11, a резултатската неизвесност во Скопје траеше до 51. минута кога Вардар првпат поведе со три голови разлика. До крајот, актуелниот СЕХА и европски шампион ја одржа предноста за конечни 29:25 и победа број 17 во пресрет на фајнл-фор турнирот кој ќе се игра во македонската престолнина.

Циндриќ со 7 и Чупиќ со 5 погодоци беа најефикасни во редовите на победникот, додека кај Нексе, Шипиќ и Гаџа реализираа по 4 пати.

 

Facebook Коментари