Вардар го врати столбот во одбраната: Желбата е исполнета

kalaras

Глеб Калараш со тешко срце се збогуваше од Вардар бидејќи за време на турбулентните денови во клубот, тој стави потпис на договор со Мотор, но со оглед на тоа што изрази огромна желба за експресно враќање во Скопје, двата клуба пронајдоа начин оваа зделка да ја истераат до крај.

Мотор го ослободи фантастичниот руски интернационален, а Вардар ова попладне и официјално повтрди дека европскиот првак се враќање во „црвено-црното“ семејство. На неколку часа пред мечот со Кил во полуфиналето на Суперглоуб, Вардар испрати официјално соопштение до јавноста, со кое пренесе дека Русинот ќе биде столб во одбраната на тимот и во новата сезона, со тоа што ставил потпис на двегодишен договор.

– На наша голема радост и на навивачите, Глеб Калараш и во иднина ќе биде дел од Вардар. Неговата желба да се врати во Скопје се исполни, и клубот исто така е среќен што ќе може повторно да смета на услугите на пивотменот кој токму во црвено-црниот дрес ги направи најголемите успеси. Со враќањето на Глеб сигурно најмногу ќе добиеме во одбранатa со оглед на неговите квалитети кои ги покажа лани на многу натпревари. Со нетрпение ја очекуваме новата сезона во СЕХА лигата и ЕХФ лигата на шампионите и заедно да чекориме кон уште успеси, – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Facebook Коментари