Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го сруши шампионот, Шкупи падна во Штип

Објавено

на

Фудбалерите на Вардар и Брегалница остварија големи победи во борбата за опстанок во Првата македонска лига.

„Црвено-црните“ го срушија актуелниот лидер и шампион Струга Трим Љум, триумф од 1-0 кој беше обезбеден со погодокот на Ѓуриќ во 73 минута. Во финишот голманот Гачевски имаше неколку добри интервенции и со тоа значајна улога во овој осми сезонски триумф на најтрофејниот македонски клуб.

Брегалница пак под водство на новиот тренер Трајче Сенев го реши Шкупи со 1-0. Победничкиот гол за штипските сини беше дело на Ѓорѓиев во 7 минута.

И Шкендија како дел од водечката тројка во првенството не успеа да оствари победа, односно мораше да се задоволи со реми од 1-1 против Македонија Ѓорче Петров. Красниќи и Жилберто беа стрелци на погодоците на средбата во западната скопска населба.

На преостанатите две денешни средби, Тиквеш во својот дом ја доби Брера Струмица со 3-1, а Воска и Работнички одиграа 1-1.

ПМФЛ – 26. КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 1-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-1
ТИКВЕШ – АП БРЕРА 3-1
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1-0
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 1-1

ВЧЕРА:

СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни