Македонија
Вардар го спушти Радовиш на само 12 голови, Алкалоид останува перфектен на домашен терен
Составот на Вардар 1961 лесно се справи со Радовиш во средбата од 14. коло од првата ракометна лига.
„Црвено-црните“ одиграа топ одбрана против фенерџијата во Суперлигата кој на соочувањето во Скопје постигна само 12 голови (33:12). Гостите беа особено лоши во вториот дел кој го завршија со само три реалиазции.
Најефикасен кај победникот беше Родригез со седум гола, пет пак имаше Петриќ. Добра вест за вардарци е што на теренот се врати и македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски, односно неговиот кам-бек доаѓа пред дербито со Битола против Еурофарм Пелистер.
Бутел пак едно полувреме беше максимално конкурентен на Алкалоид (16:15), но тоа ниво не до задржа во вториот дел и претрпе пораз од четата на Кирил Лазаров со 32:24.
Серафимов со шест гола беше лидер кај Алкалоид, Николов за гостите даде девет погодоци.
На првата пак денешна средба Тиквеш како гостин беше подобар од Куманово со 29:26.
-
АТП8 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија17 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
АТП17 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Италија15 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија18 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП14 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета: Ако од 1000 натпревари мораш да загубиш еден…