Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар го совлада ППД Загреб и ги зголеми шансите за пласман во нокаут фазата

Објавено

на

Ракометарите на Вардар ја продолжија низата победи, па по Монпелје славеа и против Загреб со што значително си ги зголемија шансите за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Во исполнетата арена  „Јане Сандански“, вардарци славеа со 20:19 во натпревар во кој имаше резултатска нишалка и во кој двата тима се менуваа во водство.

Сепак, избраниците на Давид Дејвис во поголем дел од играта го имаа водството, па на крајот може да се каже дека сосема заслужено стигнаа до трите бода.

Најефикасен кај Вардар  беше Филип Талески со четири постигнати погодоци, додека по три гола постигнаа Оливие Њокас, Валчак и Куни Моралес.

Со оваа победа Вардар дојде до деветтиот бод и се искачи на петтото место пред ППД Загреб и Елверум кои ќе бидат пречка за елиминационата фаза.

Она што е позитивно за вардарци е тоа што Загреб до крајот има далеку потежок распоред и ќе игра против Кил и Алборг, додека Вардар ќе има натпревари против веќе отпишаниот Мешков Брест, како и против Елверум кого ќе го пречекаат во „Јане Сандански“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни