Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар го растури Мешков Брест за воведна победа во Лигата на шампионите

Објавено

на

Екипата на Вардар славеше убедлива победа во првиот домашен натпревар од Лигата на шампионите откако со убедливи 35:27 го совлада Мешков Брест.

Избраниците на Веселин Вујовиќ одиграа перфектен натпревар во кој покажаа дека може да одиграат еден брз ракомет кој би ги красел во следните натпревари во најелитното натпреварување.

Иако многумина помислија дека заминувањето на Гурбиндо и ангажманот на браќата Њокас ќе биде полоша варијанта за Вардар, на терен се покажа спротивното.

Кевин Њокас одигра неверојатен натпревар и беше најдобар играч на „црвено црните“ со осум погодоци од исто толку обиди. Стопроцентен ефект имаа и Куни Моралес кој постигна пет голови од исто толку обиди, како и Анте Гаџа кој зад своето име запиша четири погодоци.

Одличен меѓу стативите беше и Мартин Томовски кој собра 11 интервенции, а шанса да брани во Лигата на шампионите доби и голманот Сафар кој успеа да се запише и во листата на стрелците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни