Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го потврди првото летно засилување: Кам-бек на добро познато лице

Објавено

на

Вардар денеска во 17:00 часот ги „пали моторите“ и ги почнува подготовките за новата натпреварувачка сезона, која според најавите треба да биде многу помирна и повозбудлува за црвено-црното семејство.

„Комити“ најавија дека клубот добива нови сопственици и дека полека влегува во мирни води, а на денот кога стартуваат подготовките под водство на Гораз Михајлов, Вардар го потврди и првото летно засилување.

По крајот на сезоната, Вардар се ослободи од неколку играчи кои изборија опстанок, но сега целта и амбициите ќе бидат многу поголеми, што може да се намириса и со ангажманот на Филип Најдовски.

Поранешниот дефанзивец на Вардар се враќа во мак-фудбалот, и тоа во клубот од кој во 2020-та година замина во Тирана.

– Чест и привилегија е после четири години повторно да се облече светиот дрес. Верувам во проектот на Вардар и затоа сум тука. Оваа понуда не можев да ја одбијам, ова е мојот втор дом. Сакаме Вардар да се врати на вистинските патеки, а тоа е самиот врв на македонскиот фудбал и секако излез во Европа, – изјави Најдовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни