Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го освои и Охрид и остана перфектен во домашното првенство

Објавено

на

Вардар останвуа перфектен во домашното првенство и по пет комплетирани рунди, откако вечерва успеа да го освои Охрид и да победи на натпреварот кој се играше во „Билјанини извори“.

Охрид се покажа како тврд орев и почна со предност од три гола против фаворитот, а по фуриозниот почеток, се играше гол за гол до крајот на првото полувреме.

Вардар имаше предност од само еден гол по 30 минути игра (12:13), но скопјани додадоа на педалот за гас во вториот дел и со доминантна игра ја оправдаа фаворитската улога.

„Црвено-црните“ постигнаа 14 гола во второто полувреме, но беа далеку поагресивни и поорганизирани во одбрана, што направи да победат со комотни 22:27.

Петтата победа на петтиот меч беше инспирирана од Моралес кој постигна седум гола, капитенот Стоилов постигна пет, а Манасков и Талески имаа по четири реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни