Поврзете се со нас

СЕХА лига

Вардар го надигра Мотор и оствари важна победа во СЕХА лигата

Објавено

на

blank

Вардар им се врати на триумфите во СЕХА лигата и денеска го победи Мотор на домашен терен во „Јане Сандански“, победа со која накратко ќе ги подзаборави двата порази кои ги претрпе во регионалното натпреварување.

Македонскиот првак се мачи со фаќање натпреварувачки ритам оваа сезона и континуитетот се покажува како главен проблем, но тренерот Алушовски барем за момент ќе има неколку помирни дена откако вечерва неговите миленици го израдуваа против Мотор.

Вардар победи со 32:27 и ја запиша третата победа во групата, но што е уште поважно, истата беше остварена над првопласираниот тим кој дојде со огромни амбиции во Скопје.

Македонскиот претставник уште во првото полувреме најави дека сака да стигне до победа и разликата од плус пет се покажа како повеќе од солидна предност (18:13), па иако во вториот дел имаше мало намалување на темпото, на крајот славеше со комотни 32:27.

Анте Гаѓа со осум гола беше најдобар поединец на паркетот, искусниот Георгиевски постигна два помалку, исто колку и Тимур Дибиров кој беше трет стрелец во тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни