Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го надигра Еурофарм Пелистер во првото полувреме и го врати Куп трофејот во свој посед

Објавено

на

Откако го детронизираше Металург во полуфиналето, Вардар потврди дека и натаму е класа за себе во македонскиот ракомет, бидејќи во големото Куп финале, одново славеше против главниот предизвикувач.

Тимот на Алушовски го покажа своето вистинско лице во првото полувреме во кое Еурофарм Пелистер не најде одговор за играта на „црвено-црните“, па откако дојде до позитива од плус шест уште во воведот од мечот, успеа да ја одржува таа разлика до полувремето.

Вардар замина со позитива од 16:10 на паузата и тоа беше добра најава за победа во финалето, што на крајот и се случи и покрај тоа што битолчани се обидоа да направат кам-бек.

Скопскиот тим постојано беше во позитива и заслужено стигна до својата 14-та титула во ракометниот Куп, трофеј изразен со краен резултат од 26:24 против тимот на Жељко Бабиќ.

Вреди да се напомене дека Еурофарм Пелистер одигра далеку подобро второ полувреме и дојде на само минус еден (25:24), но Иван Чупиќ со голот во последниот напад го постави конечниот резултат за нова титула на Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни