Македонија
Вардар го договори наследникот на Вујовиќ
Веселин Вујовиќ неславно ја заврши последната трета етапа како тренер на РК Вардар, иако ја имаше поддршката и на менаџментот и на навивачите.
Легендарниот „Вујо“ не успеа да го извлече најдоброто од ракометарите во црвено-црниот дрес и јавноста веќе подолго време шпекулира со името на наследникот, при што како главни кандидати се спомнуваа Давид Дејвис, Славко Голужа и Урош Зорман.
Медиумските шпекулации одеа во насока дека новиот тренер ќе се знае пред Божик, па „Дерби“ дознава дека одлуката паднала и конечно е договорено клубот да го преземе Урош Зорман, доскорешен играч на словенечката репрезентација и РК Целје, кој во 2017 година објави крај на кариерата. Тој мина една сезона како помошник на Талант Душебаев во Кјелце, а потоа го презема словенечкиот клуб Тимо Требње. Зорман си подал рака со раководството на Вардар и ги договорил своите услови за ангажманот.
Ваквиот расплет ќе уследи на крајот од сезоната, а дотогаш се очекува Владо Недановски да продолжи да ја води клупата на Вардар. Зорман ќе го преземе кормилото потоа, со цел да направи селекција на играчи за следната сезона во која тој ќе биде на чело.
-
Светски првенства15 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија16 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Италија16 часа
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Светски првенства17 часа
Лазаров наброја низа фактори кои очекува да бидат клучни на натпреварот со Холандија
-
Евролига13 часа
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)
-
Англија14 часа
Халанд стави потпис на „гига-договор“ со Сити, фановите на премиерлигашот воодушевени
-
Свет13 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Светски првенства4 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас