Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го доби скопското дерби, Струга убедлива против лидерот Шкендија

Објавено

на

Вардар ја продолжи позитивната серија во вториот дел од првенството и денеска ги освои бодовите во скопското дерби со Работнички (2:0).

„Црвено-црните“ поведоа преку Спахиу во првото полувреме, а победата ја потврдија со голот на Мато на почетокот на судиското надополнување.

Струга беше убедлива на дербито со Шкендија (3:0) и му нанесе голем удар на тетовскиот состав, кој сепак и по ова коло останува на лидерската позиција на табелата во ПМФЛ.

Радиќ и Радески ги постигнаа головите за Струга, со што овој тим ја намали предноста на четвртопласираниот Работнички на шест бодови.

Тиквеш и Гостивар со голови во самиот финиш остварија победи против Шкупи и АП Брера, Пелистер славеше во дуелот со Воска Спорт (1:0), а најубедлив беше Силекс.

Кратовци ја совладаа Беса со 0:5 и се приближија на два бода негатива зад Шкендија.

Табела: Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 43, Работнички 41

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни