Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го доби Силекс за полуфинале во Купот, најдраматично беше во Струмица

Објавено

на

Фото: ФФМ

Екипата на Вардар славеше над Силекс со 1-0 во средбата од четвртфиналето на Купот на Македонија што се одигра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

„Црвено-црните“ покажаа, потврдија дека се сосема поинаква екипа од пролетниот дел каде двапати загубија од истиот овој противник во шампионатот, односно сега беа тие што се радуваа за тикет за полуфиналето на Купот.

Клучниот момент се случи во вториот дел кога Донгмо прецизно шутираше од работ на шеснаесетникот.

Струга Трим Љум и Шкендија пак со истиот резултат од 1-0 беа подобри од Гостивар и Детонит Плачковица со со головите на Кехинде односно Шала.

Најнеизвесно, најдраматично беше во Струмица каде АП Брера го доби Арсими дури по изведувањето на удари од 11 метри. Регуларниот дел заврши 1-1 со головите на Нзенгуе и Таипи, додека на пенали беше 4-3 за домаќините.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни