Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ги засили своите редови со бек од Србија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkvardar

Двократниот европски шампион, Вардар доведе уште едно засилување пред вториот дел од сезоната во домашните натпреварувања.

„Црвено-црните“ ја информираа јавноста дека ги обезбедиле услугите на искусниот Немања Гојковиќ кој ја покрива позицијата среден бек. Гојковиќ е играч кој настапувал за Металопластика, Слога Пожега, Ашерслебен (Германија), Пролетер Зрењанин и Младост Чачак, а во поранешниот македонски шампион доаѓа од Бнеи Херзлија каде играл во последниве три години.

-Голема чест и обврска е да се настапува за Вардар, за клуб со таква традиција и успеси. Воопшто не се двоеумев кога стигна поканата да дојдам тука. Убеден сум дека ќе му помогнам на клубот во неговите намери да освојува трофеи, а тоа е и мојата цел, и задача со доаѓањето вцо Скопје. Верувам дека заедно ќе успееме во нашите задачи, -порача Гојковиќ кој за Србија има настапувано на Медитеранските игри во Тарагона во 2018 година.

Со неговото доаѓање ќе се засили конкуренцијата на бековски позиции, односно тренерот Владо Недановски ќе има повеќе опции.

Само за потсетување, скопскиот тим претходно го доведе и Мохамед Тарик Бакар, десен бек со кого потпиша договор до јуни 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни