Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ги започна подготовките – целта е експресно враќање во Прва лига

Објавено

на

Вардар денеска ги започна подготовките за новата сезона, во која како второлигаш главната амбиција е да се врати во најквалитетната македонска лига.

„Црвено-црните“ се предводени од тренерот Горан Симов, а со првите тренинзи на арената „Тодор Проески“ најавија дека ќе се обидат да обезбедат експресно враќање во Првата лига и покрај фактот што ќе се соочат со дополнително мотивирани противници.

Составот на Вардар е комбиниран од млади фудбалери, но и поискусни играчи како Дејан Блажевски, Филип Петковски, Филип Илиќ, Оливер Пеев, од кои дел настапуваа за оваа екипа и минатата сезона.

Подготовките започнаа во Скопје, а ќе продолжат во Охрид, каде се планирани и пријателски натпревари.

Вардар ќе се натпреварува во Втора лига-Запад.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни