Вардар ги соопшти имињата на новите лица во стручниот штаб на Јаневски

van-der-hejden-i-manev

Македонскиот шампион Вардар ги соопшти имињата на новите лица, помошници со кои е комплетиран стручниот штаб на Чедомир Јаневски.

Како што беше најавено асистент на Чеде ќе му биде Белгиецот Стефан ван дер Хејден кој во минатото беше дел од Бриж, Локерен и Беверен.

Новитет е и ангажманот на Мане Манев кој ќе работи со голманите на „црвено-црните“. Тој доаѓа на местото на Саша Илиќ кој по три и пол години заминува од клубот.

Освен овие двајца екипата на Чеде ќе ја сочинуваат Александар Влахо, Александар Васоски и Михајло Костиќ. Првиот ќе работи на скаутинг и анализа, вториот ќе му биде помошник на Јаневски, додека Костиќ ќе се грижи за физичката подготовка на играчите.

Facebook Коментари