Вардар ги пушти во продажба билетите за мечот со Порто во ЛШ

vardar

Екипата на Вардар имаше победнички старт на новата сезона во Лигата на шампионите, но тој дуел со Монпелје е веќе зад „црвено-црните“ кои веќе се подготвуваат за првиот домашен меч во ова натпреварување, пресметката со Порто.

Таа средба во „Јане Сандански“ се игра 22 септември од 17 часот, а клубот од денеска ги пушти во продажба поединечните билети кои изнесуваат 350 (трибина) и 400 денари (А блок). Влезниците можат да се набават на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот како и онлајн преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk.

Воедно нашиот шампион пушти и билети за дуелот против Нексе во СЕХА лигата што се игра на 24 септември. Цената на влезницата за овој натпревар е 50 денари.

Facebook Коментари