Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ги промовираше македонските засилувања: Георгиевски и Талески во црвено-црниот дрес

Објавено

на

Најдобриот македонски ракометен колектив Вардар денеска потврди уште две засилувања за новата сезона и тоа се нашите репрезентативци Гоце Георгиевски и Филип Талески.

Двајцата се повратници на домашната сцена во Македонија, Георгиевски во Вардар доаѓа од Романија, додека пак Талески се сели во Вардар по престојот во Германија. Десното крило со актуелниот европски првак потпиша договор до 2022 година, бекот Талески се обврза на едногодишна соработка.

Претходно Вардар го промовираше двоецот од ППД Загреб Анте Гаџа и Јосип Векиќ, но и францускиот голман Робин Кантегрел кој доби договор ддо 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни