Вардар ги претстави првите три зимски засилувања

toshevski-popzlatanov-i-cvetanoski

Македонскиот шампион Вардар ги претстави најновите имиња во својот ростер, тројца играчи кои доаѓаат од таборот на Пелистер, Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски.

Сите тројца потпишаа тригодишни договори со „црвено-црните“ и треба да бидат сериозно освежување за тимот кој во пролетниот дел ќе ја брка тетовска Шкендија.

– Од понудите услови сум задоволен, и кога ми стигна понудата, воопшто не размислував. Ја прифатив, и ете сега сум дел од Вардар, од клубот број еден во Македонија. Секој играч во Македонија, посакува да игра за овој тим, и едвај чекам да почнам да играм во нашиот најдобар клуб, -порача десниот бек Тошевски.

-На секој му годи кога ќе добие понуда да настапува во Вардар. Тоа е најдоброто нешто за еден фудбалер, и секој играч би сакал да настапува во најдобриот клуб. Не го кријам моето задоволство што сум ангажиран од страна на Вардар и чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од овој клуб, -истакна Попзлатанов

-Супер се чувствувам. Станав дел од најдобриот клуб во Македонија, и пресреќен сум. Секој играч сака да настапува во Вардар. Не знам како да го опишам ова чувство. Мислам дека нема соодветни зборови. Со нетрпение очекувам да почнам во новиот клуб, да почнам да тренирам и да играм во дресот на Вардар, -вели Цветаноски.

Вадарци денеска ги започнуваат зимските подготовки, во Скопје ќе бидат неколку денови по што на 16 јануари ќе летнат за Анталија.

Facebook Коментари