Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар ги исполни барањата на ЕХФ, потврдено е учеството во ЛШ

Објавено

на

Најдобриот македонски клуб Вардар дефинитивно ќе биде дел од најсилното ракометно натпреварување Лигата на шампионите во натпреварувачката 2021/2022.

Оваа информација ја потврдија од таборот на „црвено-црните“ кои и соопштија на јавноста дека се исполнети сите барања на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и ао тоа автоматски беше затворена приказната околу учеството во ЛШ.

Вардар уплати милион евра како депозит со што беше исполнето главното барање на ЕХФ во предвидениот рок. Откако беа отстранети сите пречки, известување за исполнувањето на условите беше испратено до сите екипи во ЕХФ лигата на шампионите.

Инаку двократниот европски шампион е во групата А за новата кампања во елитната конкуренција каде за ривали ќе ги има ПИК Сегед, Кил, Алборг, Мешков, Монпелје, ППД Загреб и Елверум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни