Поврзете се со нас

Македонија

Вардар експресно го назначи наследникот на Михаилов

Објавено

на

Раководството на Вардар реагираше брзо по разделбата со Горазд Михаилов и веќе го назначи неговиот наследник.

Нов тренер на „црвено-црните“ ќе биде Горан Петрески, поранешниот напаѓач на оваа екипа, кој од неодамна доби ангажман во стручниот штаб на клубот.

Популарниот „Чунга лунга“ го прифатил предизвикот и ќе се обиде да ги исполни клупските амбиции во новата сезона, која Вардар ја започна со нов спонзор, како и половичен учинок по две кола.

– Тој ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата.

– Во името на клубот му посакуваме многу среќа и успех во работата и се надеваме дека заедно ќе се радуваме на победите на големиот Вардар, – стои во клупското соопштение на ФК Вардар.

„Црвено-црните“ вчера го победија Пелистер и стигнаа до првата победа сезонава, за денеска неочекувано да биде потврдено дека Михаилов заминува поради приватни причини.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни