Вардар е завршена приказна: Писонеро се врати во Валјадолид!

pisonero

Шпанскиот ракометен стручњак, Давид Писонеро се врати во својата земја и во иднина ќе го предводи тимот на Валјадолид во кој има долг стаж како играч и потоа како тренер.

Човекот кој беше именуван за наследник на Роберто Гарсија Парондо на клупата на Вардар, а потоа сменет од таа функција по поразот од Кил во ЛШ изминативе неколку месеци ги мина како асистент на Едуард Кокшаров.

Меѓутоа по завршувањето на првиот дел од сезоната Писонеро одлучи да си замине од Скопје иако наводно му било понудено да се врати на функцијата шеф на стручниот штаб на Вардар. Давид кој има 46 години сега е дома и тоа во средина која му е добро позната и во која како тренер има учинок од 24 победи, 5 нерешени, 22 порази на 51 официјални натпревари.

Facebook Коментари