Поврзете се со нас

Македонија

Вардар е прогласен за шампион на Македонија

Објавено

на

Вардар нема да игра во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, но ако е за утеха на „црвено-црните“ тие го добија тоа што го заслужија на терен-тоа е шампионската титула за сезоната 2019/2020.

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени неколку одлуки меѓу кои и оваа со која беше потврдено првото место на Вардар, титула број 11 за нашиот најтрофеен фудбалски колектив.

Воедно од ФФМ посочија дека новата сезона во ПМФЛ ќе започне на 9. август, додека пак втората ќе стартува на 22 август. Шеснаесет финалните натпревари од Купот ќе започнат на 23. септември 2020 година.

Управниот одбор на ФФМ донесе и одлука за промена на терминот на одржување на Редовното Годишно Собрание, па така новиот термин е 12. јули ако секако има услови за тоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни