Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар е осми фаворит за титулата во ЛШ

Објавено

на

Се враќаат возбудувањата во Лигата на шампионите, а пред стартот на истите од Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објавија првиот ранкинг, предвидување за тоа кој би можел да биде на самиот врв, односно кој е фаворит за титулата.

Според ЕХФ екипата со најголемите шанси за пехарот во моментов е Веспрем на нашиот Дејан Манасков. Потоа следат Барселона, Кил, Пари Сен Жермен, Кјелце, ПИК-Сегед, Порто, македонскиот првак Вардар, Нант на Кире Лазаров и Мешков Брест кој ја затвара првата десетка.

Во објаснувањето на Вардар кој е на осмата позиција се вели:

-Десет играчи го напуштија Вардар ова лето, девет пристигнаа што значи, Стевче Алушовски ќе мора повторно од почеток. Засилувањата како Марко Вујин и Борко Ристовски ќе го донесат толку потребното искуство. Во нивното прво натпреварувачко појавување во новата сезона, шампионите од 2019 стигнаа до финалето на СЕХА-лигата, -истакнаа од ЕХФ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни