Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар е носител во ждрепката во ЛШ, познато е кои се можните ривали во новата сезона

Објавено

на

На 1 јули во Виена ќе се одржи ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите, а таму нашиот Вардар ќе ја има улогата на носител.

Имено денеска од ЕХФ излегоа со информација дека Вардар заедно со Веспрем, ПСЖ и Барселона ќе бидат во првиот шешир, односно ќе бидат најпривилегирани на претстојната ждрепка.

Новата кампања ќе се игра во нов формат со по две групи од по осум тимови (вкупно 16 клубови) со тоа што две екипи од иста земја нема да можат да се најде во исто друштво. Така на пример ако Вардар од првиот шешир го добие за противник Веспрем тогаш автоматски ќе значи дека нема да можат да играат со ПИК Сегед кој е во третиот барабан.

Секој тим во групната фаза ќе одигра по 14 мечеви, најдобрите четири тимовите од А и Б (по две) одат директно во четвртфиналето, додека останатите ќе играат плејоф за да дојдат до останатите  четвртфинални билети.

ШЕШИР 1: Вардар, Веспрем, Барселона и ПСЖ.

ШЕШИР 2: Кил, Кјелце, Алборг и Порто.

ШЕШИР 3: Мешков Брест, Мотор, Нант и Пик Сегед.

ШЕШИР 4: Целје, ППД Загреб, Елверум и Флензбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни