Вардар е екипа со најголем скок на најновиот УЕФА ранкинг

vardar-uefa

Македонскиот фудбалски шампион Вардар забележа голем скок на клупскиот ранкинг на УЕФА објавен во текот на денешниот ден.

По завршувањето на групната фаза во Лигата на шампионите и Лига Европа, УЕФА ги пресмета новите позиции на клубовите во однос на нивните резултати, а Вардар е екипа со најголем напредок, дури 62 позиции. „Црвено-црните“ од 299 сега се на 237 место на УЕФА ранкингот и очекувано се најдобар македонски тим во ова друштво.

Шкендија е на 278, Работнички на 292 местo, а со оглед на својот настап во Европа во една последните пет сезони ранкинг имаат и Пелистер (364), Силекс (365), Ренова (366), Металург (367), Турново (369) и Тетекс (370), а вкупно се вклучени 442 екипи од цела Европа.

Вардар дојде до ваква позиција со оглед на историскиот успех и пласманот во групната фаза на Лига Европа, каде успеа да освои само еден бод. Во однос на врвот според најновиот УЕФА ранкинг, лидер останува Реал Мадрид, пред Барселона, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Јувентус.

Facebook Коментари