Поврзете се со нас

Македонија

Вардар донесе нов среден бек во пресрет на новата сезона

Објавено

на

Од таборот на РК Вардар објавија дека постигнале договор за ангажман на црногорскиот среден бек, Андреј Добрковиќ.

Станува збор за 18 годишен ракометар кој доаѓа од тимот на словенски Целје. Добрковиќ е активен кадетски репрезентативец на Црна Гора и во моментов е на подготовки со својата селекција во пресрет на Европското првенство за кадети.

Добрковиќ ќе ја дели минутажата со Андреј Карапалевски, а кон крајот на годината на тимот ќе се приклучи и Анте Гаџа кој ќе се врати на терените по потешката повреда на коленото.

Интересно е тоа што таткото на Андреј, Марко Добрковиќ во сезоната 2005/06 го носеше дресот на Вардар.

Инаку, Андреј Добрковиќ се смета за еден од најталентираните рaкометари од Црна Гора и сигурно ќе дојде добро во тимот на Владо Недановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни