Поврзете се со нас

Македонија

Вардар договори уште едно дефанзивно засилување

Објавено

на

Вардар ја имаше третата најлоша одбрана во првиот дел од домашното првенство, па токму поради ова управата на клубот се впушти во акција и за крато временски период обезбеди уште едно дефанзивно засилување.

Имено по Михал Пинтер нов член на скопскиот состав е 23-годишниот Георгије Јанкулов. Тој потекнува од школата на Црвена Звезда, а во Вардар доаѓа од редовите на Брера за која одигра десет средби во ПМФЛ во натпреварувачката 2024/2025 и постигна еден гол.

Десниот бек има играно уште за Борец и Силекс во Македонија, односно Железничар Панчево во Србија.

Најтрофејниот македонски клуб освои само 13 бода и е на претпоследното место во шампионатот, додека пак во четвртфиналето на Купот ќе ги одмери силите со Силекс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни