Поврзете се со нас

Македонија

Вардар договори две репрезентативни засилувања за наредната сезона

Објавено

на

Екипата на Вардар 1961 има добри настапи во оваа сезона, но додека истата е во тек размислува и за кампањата 2023/2024 за која веќе договори две засилување.

Клубот ја информираше јавноста дека нови имиња во „црвено-црното“ семејство ќе бидат Томислав Јагуриновски и Михаил Аларов. Ова се двајца играчи кои во моментов се дел од Тинекс Пролет, играчи кои се македонски репрезентативци.

Ова за Јагуриновски ќе биде кам-век во редовите на Вардар, играч кој потекнува од школата на клубот, играч кој може да игра како десен бек и како десно крило.

Аларов пак важи за еден од најперспективните пивотмени во нашете првенство, играч кој постојано е поширокиот список за репрезентацијата на Македонија, па со доаѓањето во Вардар ќе треба да направи дополнителен исчекор во кариерата.

Инаку соработката со двајцата е на две години со можност истата да биде продолжена.

Од македонскиот шампион порачаа дека ќе се составува тим од повеќе македонски репрезентативци и квалитетни странски засилувања со кои ќе може да биде конкурентен на меѓународна сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни