Поврзете се со нас

Македонија

Вардар добро се испоти против „фенерџијата“ Скопје

Објавено

на

Екипата на Вардар мораше добро да се испоти против „фенерџијата“ Скопје за да дојде до посакуваниот триумф во првата македонска ракометна лига.

„Црвено-црните“ не блескаа против последнопласираниот тим на табелата, имаа доста проблеми, меѓутоа ако е нешто позитивно тогаш е триумфот од 32-27. Скопје одлично се држеше во најголемиот дел од средбата, па така на полувреме имаше водство од 15-14, предност која ја држеше и во вторите 30 минути каде во некои минути имаше и плус два.

Сепак Вардар го имаше последниот збор и на крајот момците на Вујовиќ запишаа славје од пет голови разлика.

Александар Василевски со 8 гола беше прв стрелец кај Скопје, додека кај победникот Гоце Георгиевски и Јан Чувара исто дадоа по 8 погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни