Поврзете се со нас

Европски купови

Вардар директно во групната фаза на Европската лига, Тиквеш ќе игра во ЕХФ Куп заедно со Алкалоид и Охрид

Објавено

на

Македонскиот ракометен вицешампион, Вардар 1961 ќе игра во групната фаза на Европската лига, потврди денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ).

„Црвено-црните“ се сместени во вториот шешир заедно со Горњик Забже, Констанца, Горење, Хафнарфјордур, Татран Прешов, Татабања и великанот Кил што значи нема да се соочи со нив во оваа фаза.

Меѓутоа има опасни клубови од првиот барабан (Флензбург (Германија), Порто (Португалија), Монпелје (Франција), Нексе (Хрватска), ГОГ (Данска), Кадетен (Швајцарија), Бидасоа (Шпанија) и Савехоф (Шведска), плус има тимови од третата група, а и незгодни екипи кои ќе играат во квалифиакциите.

Македонија ќе има три клуба во Европскиот Куп, односно друштво на Алкалоид и Охрид ќе му прави Тиквеш кој доби вајлд карта.

„Сино-белите“ од Автокоманда ќе почнат од второто коло во кое ќе бидат носители, рунда од која ќе тргнат и Охриѓани, ама тие ќе добијат ривал од првиот шешир.

Кавадарчани ќе стартуваат во првата рунда, ќе бидат во вториот барабан,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни