Македонија
Вардар бара одложување на дербито против Пелистер поради лоша здравствена ситуација во тимот

Вардар во понеделникот можеше да одмора играчи против Голден Арт и им даде шанса на оние кои имаат помала минутажа, но сега испадна дека тренерот Недановски бил и принуден да прави такво нешто.
Лидерот во Суперлигата се соочува со неочекуван здравствен проблем кој зафатил најголем дел од тимот, па поради истиот, Вардар сега со официјален допис побара одложување на дербито против Еурофарм Пелистер кое треба да се игра претстојниот викенд.
– Поради новонастанатата здравстевана ситуација во клубот, РК Вардар испрати допис и информација до Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија и до РК Пелистер.
„Би сакале да Ве известиме дека во моментов, заклучно со денешниот последен тренинг на екипата, имаме 15-тина играчи и членови на Стручен штаб кои се зафатени од тешка вироза и не се во можност ниту да тренираат, ниту да играат натпревар.
Поради ова, би сакале да најдеме заедничко решение за оваа состојба која го зафати клубот, а се во интерес на регуларноста на Првенството, фер-плејот и спортското џентлменство. За поткрепа на се ова што го говориме во текот на утрешниот ден, ќе испратиме и медицински извештаи со кои што се потврдува горенаведеното.
Во овој момент, би сакале да побараме Официјално одложување на натпреварот од 8-коло Супер-лига мажи, помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, се до пронаоѓање на следен датум којшто ќе одговара на двете екипи. Спортски поздрав, – гласи објавата на Вардар.
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 16 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча