Македонија
Вардар ангажираше и трет фудбалер од Брера Струмица

Гоце Седлоски побара уште најмалку две-три засилување пред Вардар да отпатува на подготовки во Анталија, па откако му беше доведен Михаил Талевски непосредно пред заминувањето во Турција, сега во оваа земја тренерот на македонскиот клуб доби уште две засилувања.
Хрватскиот интернационалец Мислав Матиќ се приклучи на подготовките во Турција како важно засилување во одбраната, но вечерва пристигна информација и за уште едно големо засилување во нападот.
Вардар се навикна да пазари од Брера Струмица која ослободи голем дел од тимот во овој зимски преоден рок, па така „црвено-црните“ го добија и третиот фудбалер кој во првиот дел од сезоната настапуваше во некогашна Академија Пандев.
По Георги Јанкулов и Димитар Тодоровски, Роџерс Мато е третиот фудбалер кој потпиша за Вардар, а договорот бил официјално склучен на подготовките во Анталија.
Мато беше стандареден за Брера во првиот дел од сезоната и ги одигра сите натпревари, па сега ќе видиме каков учинок ќе има во Вардар во пролетниот дел од шампионатот.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони24 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија8 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег