Поврзете се со нас

Македонија

Вардар активен: Бајевски го претстави и третото летно засилување

Објавено

на

Вардар не успеа да се врати во Првата македондска фудбалска лига и покрај тоа што се бореше до самиот крај, па како третопласиран на табелата мораше да се помири со фактот да отседи уште една сезона во понизок ранг.

Клубот ја стартуваше новата сезона со потврда на двете најважни позиции, директорската и тренерската, па откако стана јасно дека Бајевски и Грнчаров остануваат во Вардар, почнаа да следат и трансфери.

Симеон Христов и Јован Попзлатанов беа првите две засилувања за најтрофејниот фудбалски колектив, а директор Бајевски денеска го претстави и третото во Дарио Десниќ.

– Дарио Десниќ е новиот фудбалер кој што ќе го облече црвено-црниот дрес. Офанзивниот фудбалер ни доаѓа од екипата на ФК Скопје и потпиша договор на 1 година со нашиот клуб. Добредојде во Вардар, Дарио, – гласи објавата на Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни