Варда за својот идол Паспаљ: Легендо издржи (Фото)

Ratko Varda

Поранешната кошаркарска ѕвезда, Жарко Паспаљ имал здравствени проблеми и е хоспитализиран во болница во Сан Антонио. Според специјализираниот портал „Јурохупс“, легендарниот југословенски кошаркар пред неколку дена доживеал мозочен удар и сега се рехабилитира во болницата во Сан Антонио. Тој во изминатите години имаше повеќе здравствени проблеми и неколку срцеви удари од кои успеа да се врати во нормален живот.  Последните информации говорат дека мозочниот удар бил мал и дека Паспаљ имал среќа. Последен од кошаркарите кој му упати поддршка беше Ратко Варда кој многу искрено напиша на својот профил:

– Кога викаат лесно ви е на вас, тоа е само игра! Тоа се најлесно заработени пари! Имате среќа во животот! Бидете здрави и спортувајте. Толку за тоа колку спортот не остава последици.  Легендо издржи, – напиша Вардар на својот профил.

Facebook Коментари