Англија
Варан се отвори: Бев шокиран што Тен Хаг остана во Јунајтед

Рафаел Варан три години од својата кариера мина во редовите на премиерлигашот Манчестер Јунајтед каде и покрај сите проблеми беше дел од тимот што освои два трофеи во англискиот Лига Куп и ФА Купот.
Французинот си замина од англискиот великан во 2024 година од каде пак премина во калчолигашот Комо каде не се задржа многу или поточно одлучи дека е време за пензија.
Сега откако помина некое време Варан се отвори и проговори за ситуацијата во Јунајтед, односот со Ерик Тен Хаг за кого смета дека било шокантно што по крајот на сезоната доби нов договор на клубот за да неколку месеци подоцна биде сменет од менаџерската позиција.
-Бев изненаден што остана во Јунајтед, -рече Рафаел кој потоа откри дека имал силна дискусија со Холанѓанецот.
-Имавме силна дискусија. Си кажавме некои вистини, но потоа не играв речиси два месеци. Реков дека не се согласувам со одредени начини на правење работи во врска со односот меѓу него и тимот. Тоа не беше нешто што мислев дека е добро за тимот бидејќи некои од играчите не беа воопшто задоволни. Не беше добро во врската со тренерот. Тој ми рече „Во ред, слушам што кажуваш“ и потоа тоа не играв.
-Не знаев кој ќе биде тренер. Не знаев дали сакаат многу да го менуваат составот или не. Немав видливост, па тешко е да се заложиш кога не знаеш точно на што се обврзуваш. Во Мадрид имаат дефиниран начин да ги прават работите на секое ниво на клубот. Во Манчестер [Јунајтед] не беше доволно јасно или дефинирано за да се знае како да регрутира, како да игра, како се комуницира. Немаше исти процедури, процеси, структура, -открива Варан за „Атлетик“.
-
Лига на нации16 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации17 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Репрезентација6 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации16 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации15 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Италија14 часа
„Газета“ открива детали од завршниот состанок кој му пресудил на Мота: Засрамен сум што те избрав тебе!