Варан со неочекувана изјава: Ме вознемирува тоа што бараат да бидам како Рамос

varan-bozica

Рафаел Варан одигра важна улога во шампионскиот поход на Французите на штотуку завршеното Светско првенство во Русија, а со самото тоа стоперот на Реал Мадрид ја надополни својата богата ризница трофеи на своја 25-годишна возраст.

Рекордот на Варан од 16 освоени трофеи на само 25-годишна возраст изгледа неверојатно и тешко остварливо, уште повеќе ако се напомене дека меѓу нив се вклучени оние најголемите, односно овој од Светското првенство и оној од Лигата на шампионите.

Говорејќи за овие импресивни достигнувања во интервјуто за „Лекип“, Варан даде и една неочекувана изјава за својот соиграч Серхио Рамос, откривајќи дека често го вознемирувало тоа што одредени луѓе и екперти го терале да игра како него.

– Понекогаш бараа од мене да играм како Рамос, да бидам поагресивен, да бидам повеќе ова или она. Јас имам свој стил на игра и досега не ми оди воопшто лошо. Сакаа да ме променат повеќе пати, но не им успеа. Навистина ме нервира и вознемирува тоа што бараат да бидам како Рамос. Дали него му велат да игра како друг играч? Се прифаќа таков каков што е, тој е Рамос. После толку години, дури сега и мене ме прифаќаат таков каков што сум, – вели Варан.

Facebook Коментари