Поврзете се со нас

Италија

Варан накратко ги наброја причините поради кои го прифатил проектот на Комо

Објавено

на

Foto:x.com/Como_1907

Рафаел Варан после три години ја заврши својата авантура во Манчестер Јунајтед и Премиер лигата, а пред да размислува за враќање во родната Франција, реши да има уште едно изненадувачко интернационално искуство.

Светскиот шампион од 2018-та година му се приклучи на Комо и стана дел од амбициозниот проект на Сеск Фабрегас, човек кој откако доби Про-А лиценца, ќе биде тренер на тимот во новата сезона во Серија А.

Токму Шпанецот одигра клучна улога за привлекување на некогашниот стопер на Реал, кој сега сам открива како бил наговорен да потпише за тимот кој влегува како новајлија во елитата.

– Сакам да нагласам дека ме убеди целокупниот проект на клубот. Тоа што ми беше понудено е навистина интересно, чувствувам дека можам да му помогнам на Комо со моето искуство.

– Мој личен предизвик беше да дојдам тука и да научам нешто ново. Јасно е, Фабрегас беше важна личност во преговорите, но се исполнија уште неколку услови за да дојдам тука. Бев поканет неколку дена да го видам градот и условите кои ги има клубот, ми се допадна филозофијата и идеите кои ми ги пренесоа. Сеск е некој што секогаш сака да победува и не требаше посебно да бидам убедуван за потпис, – открива Варан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни