Варан издвои еден посебен играч: На СП сретнав млад вонземјанин, со него се оди побрзо

varan

Членот на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Рафаел Варан кој пред неколку денови стана светски шампион со својата репрезентација испрати огромни комплименти за еден играч кој се претстави во фантастично издание на мундијалот во Русија.

Станува збор за неговиот сонородник, напаѓачот Килијан Мбапе кој блескаше на големата сцена и сосема заслужено ја доби наградата за најдобар млад играч на турнирот.

-Познавам некои вонземјани. Ама мислам ова е прв пат да се сретнам со еден млад вонземјанин. Нормално сретнувам вакви играчи кога имаат 25, 30 години. На Светското првенство сретнав еден на возраст под 20 години. Со него, сè оди побрзо. Кога зборувам тактички со него пред натпреварите, немам време да ги завршам речениците затоа што тој спредвреме разбира се што му кажувам, -вели Варан кој исто така е млад (25 години), но зад себе веќе има 16 титули.

Facebook Коментари