Поврзете се со нас

Англија

ВАР шоу во Лондон, Челси му го нанесе првиот сезонски пораз на Тотенхем (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Составот на Челси издвојува убедлива победа над Тотенхем од 4-1 во завршната средба од 11. коло во Премиер лигата.

Дуелот во Лондон дефинитивно беше одбележан од спорните ситуации, поточно од постојната употреба на ВАР системот. Дури четири гола беа поништени со помош на технологијата (по два на двете страни), Тотенхем овој меч го заврши со деветмина на теренот што доволно говори дека имаше многу возбудувања на ова градско дерби.

Кулушевски уште во 6 минута го најави вечерашното шоу по што следуваа три поништени гола, па црвен картон на Ромеро и погодок за 1-1 на Палмер со удар од 11 метри.

Во вториот дел „петлите“ го загубија и Удоги поради втор жолт картон по што стана јасно дека ќе биде многу тешко да дојдат до позитивен резултат. Џексон во 75 минута погоди за прво водство на Челси за да во 79 минута Дајер го матира Санчез, ама поради офсајд оваа мајсторија беше „избришана“.

Судиското продолжение донесе уште два гола за Џексон за хет-трик и четврто славје за „сините“ кои со 15 бода се на 10 место на табелата.

Ова за Тотенхем беше прв сезонски пораз и истиот значеше и губење на лидерската позиција, поточно сега имаме нов предводник во името на Манчестер Сити. Лоша вест за составот предводен од Постекоглу се и повредите на Медисон и Ван Де Вен.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни