Македонија
ВАР проектен тим: Ветувачки е почетокот на имлементацијата на системот во МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) преку веќе формираниот проектен тим за имплементација на ВАР системот започна со реализација на активностите поврзани со системот за помош на судиите преку видео-технологија.
ВАР системот во македонската фудбалска лига (МФЛ) треба да започне да се употребува од почетокот на следната натпреварувачка сезона 2025/26. Фудбалската федерација на Македонија веќе ги извести УЕФА и ФИФА за отпочнувањето на имплементациските активности во ФФМ.
Дејан Јакимовски – проектен лидер за имплементација на ВАР:
-Одржавме првичен on-line состанок со ФИФА и веќе дефиниравме дел од важните постапки за имплементација на ВАР системот во МФЛ. Според првичниот план и динамиката на активности, планирано е да започнеме со употреба на видео-технологијата од следната натпреварувачка сезона. Прва МФЛ, Куп на Македонија (од 1/4 финална фаза), Куп на Македонија (финале – жени) и бараж натпревари за Прва МФЛ се натпреварувањата кои ќе бидат опфатени.
-Нашата намера е да имплементираме централизиран ВАР систем, посебна просторија во ФФМ, а во зависност од понудите на ВАР провајдерите ќе се започне со употреба на најмногу шест камери по натпревар.
-Тоа што, исто така, е исклучително важно за нас е што започнавме со плановите за едукација на ВАР судии. На почеток на месец март во Скопје ќе организираме дводневна работилница на која ќе учестуваат експерти од ФИФА, нашиот проектен тим, судиската и натпреварувачката комисија во ФФМ и останати лица вклучени во проектот.
-Во периодот кои следува ќе започнеме и со активности поврзани со нова битна работа за имплементација на ВАР системот, а тоа е инфраструктурата на стадионите, односно потврдување на минимум потребните услови што секој стадион ќе мора да ги исполни за да добие лиценца, односно дозвола за одигрување на натпревари. Лиценцирањето на стадионите, централизираните ВАР соби и ВАР судиите го врши единствено ФИФА, – порача Дејан Јакимовски кој е проектен лидер за имплементација на ВАР.
Во ВАР проектниот тим во Фудбалската федерација на Македонија се вклучени уште Димитар Мечкаровски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски и Никола Караколев.
Имплементацијата на ВАР системот во МФЛ претставува значаен чекор кон подобрување на правичноста и транспарентноста во носењето на судиските одлуки на натпреварите и зајакнување на духот на фер-плејот.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)