Поврзете се со нас

Англија

ВАР прегледуваше три ситуации во иста акција, Њукасл го победи Арсенал со гол кој ја подели јавноста (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Дербито меѓу Њукасл и Арсенал ќе се памети по големата борба и пожртвуваната игра на „Ст. Џејмс парк“, но натпреварот ќе се коментира и по последниот судиски свиреж поради погодокот кој го реши победникот.

„Страчките“ му го нанесоа првиот пораз на Арсенал во Премиер лигата оваа сезона и успеаја да слават со минимални 1:0, но начинот на кој стигнаа до голот трипати го активираше ВАР.

Најпрво се прегледуваше дали топката излезе во гол-аут кога Вилок се обидуваше да ја остави истата во игра, потоа се гледаше дали има прекршок над Габриел од Жоелинтон, а на крајот дали Гордон е во офсајд.

Иако во трите ситуации не се даде вистински агол за да се донесе правилна одлука, судиите во ВАР проценија дека погодокот е регуларен, па додека сите на „Ст. Џејмс парк“ се радуваа, играчите на Арсенал протестираа.

Погодокот беше навистина сомнителен и ќе подлегне на детална анализа во наредните неколку дена, а големи се шансите дека ќе излезат со соопштение и од судиската комисија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни