Поврзете се со нас

Италија

ВАР повторно во главна улога, Интер со котроверзен гол стигна до победа против Сасуоло (Видео)

Објавено

на

Екипата на Интер продолжи со одличните резултати во Серија А и ја забележа осмата победа во низа откако со 2:1 славеше против Сасуоло на „Џузепе Меаца“.

Творци на победата за  „нероазурите“ беа напаѓачите Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез кои постигнаа по еден гол во двете полувремиња и донесоа мирен финиш за тимот на Интер.

Капка надеж за гостинскиот тим донесе Хамед Траоре кој постигна погодок во 85. минута, но до крајот Сасуоло не успеа по втор пат да го совлада Самир Хандановиќ.

И овој натпревар како и многу други ширум најсилните европски натпреварувања донесе ВАР контроверзии. Имено, пред  вториот погодок за Интер кој го постигна  Лаутаро Мартинез, Де Фрај јасно стартуваше врз Распадори, но по прегледувањето на снимката, главниот судија на мечот Ирати одлучи да го признае голот на Интер.

Со оваа победа Интер дополнително се доближи до освојување на Скудетото и веќе стави една рака на трофејот кој го чекаат цели десет години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни