Поврзете се со нас

Шпанија

ВАР поништи пенал за Барса во 90. минута, Чави се сврте кон камерата и испрати јасна порака (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес никако не може да биде задоволен од играта во одбрана на неговите фудбалери, но тренерот на Барселона доби нова прилика да биде бесен и на судиите поради одлуката која беше донесена во 90-та минута.

Барса направи пресврт против Вилјареал и поведе со 3:2 за само 11 минути во вториот дел, но Гуедеш израмни на 3:3 и во самиот финиш се влезе со резултат кој ги натера и двата тима да играат фајтерски.

Пред самиот истек на 90-та минута, Барса доби пенал и се чинеше дека ќе има стопроцентна шанса за 4:3, но на крајот судиите ја проверија и одлуката и со помош на ВАР оценија дека раката на Комесања била до тело и дека нема елементи за најстрога казна.

Ова гледиште на судиите не го импресинираше Чави, кој веднаш се свртен кон главната камера и испрати јасна порака.

– Ова е срамота, ова е вистински срам, – порача Чави.

Видеото од играњето со рака погледнете го ТУКА

Реакцијата на Чави кон камерата погледнете ја ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни