Поврзете се со нас

Шпанија

ВАР поништи гол за Барселона под сомнителни околности, лидерот падна во Баскија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Барселона го претрпе вториот лигашки пораз во Примера и тоа на гостувањето во Баскија кај Реал Сосиедад (1-0).

Каталонците го одиграа овој дуел без младата ѕвезда Јамин Ламал, не беа на посакуваното ниво, недостасуваше свежина и борбеност, нешто што домаќините го искористија и се изборија за славје благодарение на погодокот на Бекер во 33 минута.

Меѓутоа овој гол, победа на домаќините дефинитивно паѓа во сенка на ситуацијата од 13 минута кога на каталонците им беше поништен погодок за водство преку Левандовски. ВАР собата, судиите утврдија дека се работи за минимален офсајд во кој е Полјакот, но новите снимки, фотографии покажуваат дека е направена грешка и дека во таа ситуацина ногата на дефанзивецот Агерд е во прв план што во случајов би значелот дека на Барса и е поништен чист гол.

За оваа ситуација дефинитивно ќе се зборува и деновиве, но четата на Флик загуби и сега има само шест бода повеќе од второпласираниот Реал Мадрид кој има и меч за играње, против Валенсија на „Месталја“.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни