ВАР хаос во Бундеслигата: Судијата ги враќаше фудбалерите од соблекувална за Мајнц да изведе пенал (Видео)

freiburg-penal

ВАР технологијата навистина може да им помогне на судиите, но може да предизвика и конфузни ситуации како таа вечерва, на дуелот од Бундеслигата меѓу Мајнц и Фрајбург.

Во моментите кога фудбалерите на двете екипи по крајот на полувремето заминаа во соблекувалната, главниот судија реши да провери една спорна ситуација и утврди дека треба да биде досуден пенал за домаќините поради играње со рака во шеснаесетникот. Тоа значеше повикување и враќање на играчите на терен, а Де Бласис реализираше официјално во 45+7 минута на овој натпревар.

Facebook Коментари