Поврзете се со нас

Англија

ВАР-драмата се префрли и во кампот: Мадисон брутално го истрола Трент на собирот во репрезентацијата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Џејмс Мадисо брзо се адаптираше на новата средина и прерасна во еден од лидерите на Тотенхем, тим кој е најпријатно изненадување на стартот на новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата.

„Петлите“ заминаа на втората репрезентативна пауза како лидери на табелата заедно со Арсенал, нешто кое никој не можеше да го претпостави кога Хари Кејн си замина од клубот на крајот од летниот преоден рок.

Анге Постекоглу добро ги подреди картите и неговиот тим изгледа многу компактно, а еден од најдобрите е летното засилување кое пристигнаа од редовите на Лестер.

Покрај добрите партии, Мадисон во изминатиов период се покажа и како фудбалер кој сака да ги „пецка“ своите соиграчи од репрезентацијата, па откако му фати сеир на Букајо Сака, сега го направи истото и со Трент Александер Арнолд.

Ливерпул како клуб беше огорчен и бараше преигрување на мечот против Тотенхем поради катастрофалната грешка на луѓето во ВАР, а оваа ситуација му послужи на Мадисон како инспирација за провокативна објава.

– Се уште прашува за преигрување…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни